Неверојатна сцена во Мексико: Фудбалерите на Веракруз одбија да играат, па Тигрес им даде три гола (ВИДЕО)

Фудбалерите на Тигрес синоќа на гостински терен славеа над Веракруз со 3:1, но натпреварот беше одбележан со неверојатна сцена на самиот почеток.

Имено, во првата минута од натпреварот фудбалот воопшто не се играше бидејќи и двата тима протестираа стоејќи поради неисплатени плати на фудбалерите.

Сепак, тогаш се случи неверојатна сцена. Фудбалерите на Веракруз одбија да играат во почетните неколку минути, но тоа не ги спречи фудбалерите на Тигрес, кои им дадоа два гола за само неколку минути.

Фудбалерите на Веракруз не очекуваа дека противниците ќе го сторат тоа, бидејќи и тие беа дел од протестот. Ситуацијата во Веракруз е многу полоша отколку во Тигрес, бидејќи играчите на овој тим не добиле плата веќе неколку месеци.

Тигри го отвори резултатот уште во третата минута со голот на Варгас, а Жињак зголеми на 0-2 две минути подоцна. Гостите го постигнаа третиот гол во осмата минута со вториот погодок на Варгас. Конечните 1-3 ги постави Казим-Ричардс во 90. минута.