Нејмар го раскина договорот со Ал Хилал и „лапна“ уште 62 милиона евра
Неговиот престој во Ал Хилал ќе се памти само по астрономските суми кои ги доби за само седум натпревари и вкупно 428 минути игра. И крајот беше таков бидејќи, како што тврди Марка, на заминување Нејмар добил уште 62 милиона евра колку што требал да заработи до крајот на договорот.
Одамна се зборува дека негов следен клуб ќе биде матичниот - Сантос. Оттаму во 2013 година замина во Барселона и ги освои фудбалските височини пред да замине во ПСЖ и да почне неговиот огромен пад во кариерата. И покрај тоа што многумина го гледаа како наследник на Пеле, Нејмар не покажа ни 1% од своите можности, а од фудбалскиот професионализам се откажа уште додека беше во Париз.
До крајот на оваа недела тој би требало да пристигне во Сантос на лекарски прегледи, а потоа да биде потпишан договорот. Бразилските медиуми тврдеа дека покрај договорот што ќе го потпише, тој ќе добие и дел од сопственоста на клубот.