Навивачите изненадени: Шпанците направија уникатен шал за Суперкласико (ФОТО)

Во Мадрид вечерва ќе се одигра реваншот од финалето во Копа Либертадорес меѓу Ривер плејт и Бока јуниорс по што ќе биде познат шампионот.

Откако пред две недели поради инцидентите беше одложен мечот на „Монументал“, КОНМЕБОЛ реши победникот на Јужна Америка да се дознае на „Сантијаго бернабеу“, каде што ќе се одигра Суперкласико.

Навивачите на Ривер и Бока од утринските часови се собираат на улиците на Мадрид, каде што со нетрпение го чекаат мечот. Само сите се надеваат дека овој пат нема да има инциденти.

Но, во центар на внимание во Мадрид во моментов е еден шал, кој може да се купи пред стадионот. Шпанците направија уникатен шал за мечот, но сигурно ниту еден од навивачите на Ривер или Бока нема да го купат, зашто половина страна од шалот припаѓа на Ривер, а половина на Бока.