Најслабиот тим во Чемпионшип го шокираше Ливерпул - крај за „црвените“ во ФА Купот! (ВИДЕО)

Eкипата на Плимунт која неодамна го отпушти Вејн Руни приреди ново изненадување во ФА Купот и денеска го елиминираше Ливерпул.

Претходно второлигашот кој е последен на табелата во Чемпионпиш победи против Брентфорд со 1-0, а денес со истиот резултат славеше и над избраниците на Арне Слот.

Холандскиот стратег на теренот испрати комбиниран состав без најголемите ѕвезди, но и во таква улога беше фаворит. Сепак, на теренот премиерлигашот не доминираше и не создаде премногу прилики за гол.

Одлучувачкиот момент на натпреварот се случи во 53 .минута кога Харди погоди од пенал.