На Роналдињо му одземаат имот затоа што нема пари да плати казна!

Бразилската фудбалска ѕвезда, Роналдо има нови проблеми со законот, овојпат ќе му бидат одземени две луксузни куќи затоа што нема пари да плати казна.

Во Бразил беше покрената истрага против Роналдињо поради нелегална градба на објект во заштитена област.

Откако се утврди вина, на Бразилецот му беше одеземен пасошот и требаше да почне да исплаќа казна на рати, но беше констатирано дека нема пари на банкарските сметки.

Државата почна процедура за запленување на недвижен имот, му одземаат две луксузни куќи, едната во Рио де Жанеиро, а другата во Рио Граде до Сул.

Ова не е првпат Роналдињо да има проблем со законот, во 2018 година државата му одзема луксузни автомобили и уметнички дела за да ги покрие казните изречени поради незаконско работење на хуманитарна организација која го носи неговото име.