На Покетино му се смее цела планета: САД ќе бидат светски шампиони
Тој смета дека САД можат да станат светски шампиони на претстојниот Мундијал чии ко-домаќини се, заедно со Канада и Мексико.
„За мене вербата е збор кој е многу моќен. Можеш да имаш талент, но мораш и да да веруваш дека се е можно. Мораме да веруваме дека можеме да победиме, не натпревар, туку цело Светско првенство. Многумина мислам дека немаме време, но јас мислам дека е можно, верувам дека имаме доволно време да се подготвиме за победа“, смета Покетино, а неговата изјава предизвика потсмев во цел свет.
Најголемиот успех на светските првенства, Американците го оствариле на првото Светско првенство, во 1930 година кога стигнале до полуфиналето и во конечниот пласман се водат како третопласирани. Од поновата историја, за одбележување е е четвртфиналето на Мундијалот во 2002 година.