Мурињо: Хрватска направи нешто величенствено!

Хрватска синоќа напиша нова историја со својот пласман во мундијалското финалето на 21-то Светско првенство во Русија и зстана само 13-та земја во светот која ќе има чест да се бори за најважниот пехар во фудбалот.

Воодушевен од историскиот успех на Хрватска е и контроверзниот португалски тренер Жозе Мурињо, менаџерот на Манчестер јунајтед, кој е аналитичар за „Раша Тудеј“.

„Ова е голем успех за земја во која домашното првенство не е толку силно и каде најголемиот дел од играчите играат во странство, зотшто кога работите надвор од својата земја се чувствувате поинаку. За сите тие кои ја однесоа Хрватска во финале ова е нешто величенствено“, рече Мурињо.

Португалецот ја прокоментира и Англија, потенцирајќи дека фудбалерите на „Гордиот Албион“ треба да бидат горди.

„Англија има причина да плаче, зошто беше близу до финале. Но, има причина и за оптимизам. Екипата напредуваше многу во однос на минатите натпреварувања. Ова е млада екипа и ќе имаат шанса да играат и на следното СП со многу повеќе искуство. Сите фудбалери кои учествуваа имаат причина гордо да се вратат дома“, додаде Мурињо, потенцирајќи дека Герет Саутгејт мора да остане селектор на репрезентацијата.