Марадона е бесмртен! Во светските медиуми насловните страници во чест на Диего (ФОТО)

Диего Армандо Марадона почина вчера на 60 години и остави огромна празнина во светскиот фудбал. Замина еден од најголемите, за многумина најголемиот фудбалер на сите времиња – фудбалскиот Господ.

Аргентина, Неапол... светот занеме после смртта на фудбалскиот виртуоз, левичарот, човекот кој преживеа сѐ и сешто во својот бурен живот, ама човек кој на светот му ја подати сета љубов за и кој фудбалот. Солзите во Аргентина не може и нема да запрат откако Марадона замина на небото, исто и во Неапол, а нема ни еден фудбалер, актуелен или бивш, легенди, трнеери, фудбалски работници, навивачи, ривалски клубови кои не одадоа почит на најголемиот. За сите Диего е – бесмртен!

Колкава е големината на фудбалската легенда се доказ светските медиуми. А, сите тие, на насловните страници го ставија – мајсторот над сите мајстори!