Манчини ќе остане на кормилото на Италија до 2026 година

Претседателот на италијанскиот фудбалски сојуз, Габриеле Гравина соопшти дека Роберто Манчини ќе остане селектор на Италија до 2026 година.

Манчини е на добар пат да ја однесе Италија и на Светското првенство (СП) во Катар следната година, зашто по три меча има три победи без примен гол.

„Сакавме да ѝ дадеме континуитет на нашата работа. Покрај освојувањето на трофејот, постои и проект на кој треба да се работи. Манчини одлично работеше две години и напредуваше со овој проект, па затоа сега сакаме да освоиме и трофеј“, соопшти Гравина.