Лудница во Аргентина: Навивачите со спектакуларно шоу ја испратија Бока на Суперкласико! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Бока Јуниорс на спектакуларен начин, со фантастично пиротехничко шоу, беа испратенина пат кон Мадрид, каде што в недела треба да го одиграат реванш-натреварот од финалето на Копа Либертадорес против вечниот ривал Ривер Плејт.

Средбата се игра во шпанската престолнина откако автобусот на Бока беше нападнат од хулигани на пат кон стадионот „Монументал“ по што средбата по неколку откажувања дефинитивно беше преселена на друг континент.

Првиот меч заврши со изедначени 2-2.