Ливерпул ги дозна ривалите на патот кон светската титула

Ливерпул денеска на ждрепката во Цирих ги дозна можните ривали на патот кон светската титула. Англискиот гигант за противник би можел да игра против Ал Сад, Хиенген Спорт или Монтереј.

Актуелниот освојувач на Лигата на шампиони ќе го почне светското клупско првенство од полуфиналето, заедно со освојувачот на Копа Либертадорес.

Во првиот натпревар играат Ал Сад и Хиенген Спорт, а победникот од тој меч ќе се соочи со Монтереј. А победникот од таа средба ќе се соочи со Ливерпул во првото полуфинале.

Во вториот дел играат Есперанса де Тунис со победникот од освојувачот на азиската Лига на шампиони, по што победникот од тој меч ќе игра против шампионот од Копа либертадорес во второто полуфинале.

Да потсетиме, „црвените“ за првпат ќе заиграат на турнирот од 2005 година, кога загубија во финалето од Сао Паоло.