Легендарниот напаѓач на Манчестер јунајтед стана селектор
Во досегашната кариера 52-годишниот Јорк имаше само една тренерска работа и тоа на клупата на австралискиот клуб Мек Артур во 2022 година.
Јорк е роден во Тобаго, а на 17 години се пресели во Астон Вила каде што се задржа осум години, а потоа 14 години го носеше дресот на Манчестер јунајтед. Играше уште за Блекбурн, Бирмингем, Сиднеј и Сандерленд.
За репрезентацијата на Тринидад и Тобаго запиша 72 настапи во кои постигна 19 голови. Репрезентацијата ја предводеше и како капитен на Светското првенство во 2006 година.