Легендарниот Диего Форлан замина во пензија

Еден од најголемите уругвајски фудбалери во историјата, Диего Форлан објави дека заминува во пензија на 40 години.

Форлан последен пат професионално настапуваше минатата година за клуб од Хонг Конг, а најпознат е по настапите за Вилјареал и Атлетико Мадрид.

„Не беше лесно, не сакав да дојде ова време, но знаев дека нема бегање. Решив да престанам да играм фудбал професионално“, откри Форлан во разговор за „Телемундо“.

Форлан најдобар беше во шпанската Ла Лига, кадешто постигна 128 гола на 240 меча, а со Уругвај во 2011 година ја освои Копа Америка. Исто така, тој освои две „Златни копачки“, меѓу другите успеси во неговата кариера.