Легенда на Бока ја кажа вистината: Ривер - Бока го направија најскапиот „пријателски“ меч во историјата!

Поранешниот фудбалер на Бока јуниорс, Хуан Роман Рикелме ја критикуваше одлуката да се игра реваншот од финалето во Копа Либертадорес на „Сантијаго Бернабеу“ на деветти декември бидејќи некои фанови ќе мора да платат и повеќе од 2.000 евра за трошоци.

Суперкласико помеѓу Ривер плејт и Бока јуниорс требаше да се одигра на 24 ноември на „Монументал“, но беше одложено поради тоа што навивачите на Ривер го каменуваа автобусот на Ривер и притоа повредија неколку фудбалери.

Навивачка на Ривер, исто така, беше уапсена, откако се обиде да шверцува факели преку своето детенце.

„Тие ни го земаа нашето Суперкласико и тоа не е убаво. Натпреварот требаше да се одигра во Аргентина. Што правиме сега? Колку што сакам Бока да ја освои титулата, толку многу сакам да се игра дуелот во мојата земја. Дуелот помеѓу Ривер и Бока ќе биде најскапиот ‘пријателски’ меч во историјата“, кажа Рикелме.

Во меѓувреме, Бока пушти во продажба дел од билетите за дуелот во Мадрид по цена од 86 евраа, летовите од Буенос Аирес до Мадрид се околу 1.100 евра со повратна карта, па навивачите ќе ги чини вистинско богатство следењето на овој меч.