Камерите го изненадија: Марадона доби доза кокаин среде натпревар?! (ВИДЕО)

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона, моментно е тренер на Гимназијата од Ла Плата, а необична ситуација беше снимена на клупата на овој тим.

Додека легендарниот Диего седи, еден од неговите асистенти му дава нешто во рака, а кога видоа дека камерите снимаат, останатите членови на клупата панично застанаа обидувајќи се да ја сокријат целата ситуација.

Сето ова предизвикува големо сомнение, со тоа што фудбалерите на социјалните мрежи тврдат дека „Диего повторно е оној стариот“ и дека „не може без тоа“.

Се претпоставува дека Диего добил доза во вид на кокаин, но никој од неговите асистенти не сака да зборува за тоа. Секако, клубот тврди дека станува збор за пилула за смирување, но ретко кој смета дека тоа е правата вистина.