Има само шест години, а прави чуда со топката (ВИДЕО)

Арат Хосеини има само шест години, а прави вистински лудории со топка, па затоа сите го сметаат за чудо од дете.

Ова дете уште од сега на Инстаграм има речиси четири милиони следбеници, а негова пасија е фудбалот. Еден ден сака да го облече дресот на каталонскиот гигант Барселона, а идол му е Лионел Меси.

Тој објави видео на социјалните мрежи на кое ја „жонглита“ топката повеќе од 3.000 пати и тоа во дресот на својот идол. Меѓутоа, она што привлекува особено внимание е неговото тело, каде се забележуваат мускули како на возрасен маж.