И Дембеле отпадна од француската репрезентација

Фудбалерот на ПСЖ, Усман Дембеле нема да биде во комбинација за натпреварите од Лигата на нации во кои Франција ќе се сретне со Израел и Италија.

Крилниот играч има повреда на препоните, доживеана на мечот против Анжер во текот на викендот. Таа не е сериозна, но од претпазливост и за да не се влоши ситуацијата, одлучено е Дембеле да се врати во клубот и таму да тренира под посебен режим.

На местото на Дембеле е повикан Кингсли Коман од Баерн, а надвор од француската репрезентација пред последната репрезентативна акција за годинава се уште Килијан Мбапе и Весли Фофана.