Холандија никогаш не била светски првак, ама има селектор кој не загубил на Мундијал!

Делува многу чудно, ама вистинито е – Холандија никогаш не била светски првак, но актуелниот селектор Луј Ван Гал никогаш не загубил меч на Светските првенства.

Искусниот стратег на „лалињата“ после победата над Катар со 2-0 дојде до скор од 10 меча по ред без пораз на Мундијалите, со седум победи и три ремија и нема ниту еден селектор кој има ваква серија без пораз во историјата на Мундијалите.

Холандија во историјата беше трипати вицепрвак на светот (1974, 1978, 2010), а деветти пат по ред „лалињата“ успеваат да ја минат групата и се единствената светска селекција која има максимален ефект од број на настапи и поминувања во нокаут-фазата.