Гризман дојде во посебен дрес за да навива на Суперкласико (ФОТО)

Француската ѕвезда на Атлетико Мадрид, Ентоан Гризман првпат не носи црвено-бел дрес на мадридскиот клуб и вечерва во ложата на „Сантјаго Бернабеу“ носи поинаков дрес од тој што сме навикнати да го гледаме.

Гризман ќе навива за Бока јуниорс, дојде со Диего Годин во ложата на „Бернабе“ и оттаму ќе го следи епското Суперкласико. Интересно е како ќе реагира негвиот шеф Диего Симеоне, кој е поранешен кормилар на Ривер плејт, лутиот ривал на Бока. Ќе биде весело.