Голем гест на Баерн со кој покажа колку го почитува Бекенбауер

Франц Бекенбауер е една од најголемите легенди во историјата на Баерн Минхен, а сега германскиот гигант уште еднаш покажа колку го цени.

Франц Бекенбауер е една од најголемите легенди во историјата на Баерн Минхен, а сега германскиот гигант уште еднаш покажа колку го цени.

Имено, улицата пред стадионот „Алијанц Арена“ од 7 јануари 2025 година ќе го носи неговото име, но и така ќе се вика целиот регион околу комплексот.

„Именувањето на улицата е најголема чест која градот Минхе може посхумно да ја додели како знак на длабока почит. Дефинитивно тој е еден од најголемите спортисти во нашиот град и секогаш беше вистински пример за сите околу него“, објави Баерн.

Бекенбауер почина на 78-годишна возраст минатата година и ќе остане запаметен и како еден од најдобрите германски фудбалери на сите времиња.