Голчиште на неделата: Американски аматер погоди за ТВ-шпици - со ножички (ВИДЕО)

Натпреварите од понизок ранг не мора да значат дека ќе гледате лош и неквалитетен фудбал, туку може сосема спротивното да се случи, а за тоа е доказ спектакуларниот гол во американската УСЛ-лига, кој го постигна Дајрон Асприла од Колумбија.

Колумбиецот настапува за вториот тим на Портланд, кој се натпреварува во споменатата лига, а синоќа до победа стигнаа на домашен терен со 3-1 против Лас Вегас лајтс.

Фудбалерот постигна два гола, а вториот беше вистинска мајсторија, кога одлично ја прими топката и со „ножички“ ја испрати во мрежата на гостите, а потоа знаеше и како да прослави.