Го предводеше нападот на Сити, а сега игра за резервите на – четвртолигаш!

Дека фудбалските патишта можат да бидат многу чудни потврдува и кариерата на поранешниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска, Вилфред Бони, кој од стрелец во Лигата на шампионите и на Мундијал дојде до ситуација да игра за резервниот тим на англиски четвртолигаш.

Тој синоќа настапи за Њупорт каунти во меч зад затворени врати против Свиндон таун (2-1), на кој влезе во второто полувреме и постигна гол во 87. минута. Бони во 2015 година за сума од 25 милиони фунти потпиша за Манчестер Сити, беше дел од ЛШ и СП, но сега падна на ниво да се бори за трансфер во тим што игра во Лига 3.

Минатата сезона ја мина во холандски НЕЦ со што го прекина постот од 500 дена во кои беше без клуб, откако претходно доби отказ од Ал Итихад.