Гаскоњ до Шилтон: На не ти дадеше гол Марадона со божјата рака никој немаше да знае за тебе!

Лудиот Пол Гаскоњ, легендарниот англиски фудбалер кој имаше бурен живот во кој алкохолот буквално го уништи, му се „нафрли“ на легендарниот голман Питер Шилтон, кој го прими славниот гол со „божјата рака“ од Диего Марадона на Мундијалот во Мексико во 1986 година.

Шилтон вчера во обраќање после смртта на Марадона посочи дека не смее и не може да го заборави најконтроверзниот гол на Аргентинецот, кој никогаш не се извинил за потегот, по што Гаскоњ урнебесно му прати порака.

„Марадона беше икона. Луѓето само зборуваат за него и таа 'божја рака'. Ама, тој гол го создаде Питер Шилтон. Шилт (надимакот на легендарниот голман – н.з.), тој гол те создаде и тоа е вистината. За тебе денеска никој немаше да знае, да не беше тој гол на Марадона“, рече Гаскоњ.