Фудбалерка за црвен картон го клоцна судијата во – меѓуножјето (ВИДЕО)

Неверојатна сцена се случи на меч од женски фудбал во Еквадор, а главна актерка беше фудбалерката Сирли Каиседо, која го нападна главниот судија, па ко клоцна во меѓуножјето зашто ѝ даде црвен картон.

Каиседо намерно го удри судијата со топка во глава, по што овој за неспортскиот потег ѝ го покажа патот кон соблекувалната, ама тоа уште повеќе ја разлути, па откако со соиграчките тргнаа кон него, го шутна во меѓуножјето.

Според најавите од Еквадор, фудбалерката сега за овој напад се соочува со доживотна суспензија од фудбалот.