Фудбалерите на Бока излегоа на „Бернабе“ и – си правеа селфи (ФОТО)

Фудбалерите на Бока јуниорс за еден час ќе се соочат со најголемиот ривал Ривер плејт, ама на за нив – непознат стадион. Малкумина од играчите во сино-жолти дресови имале можност да играат и надвор од Аргентина, а уште помалку да излезат на фудбалскиот храм на кој трчале најголемите светски ѕвезди – Сантјаго Бернабеу.

Мадридскиот стадион денеска е местото каде што ќе се бие битка во епскиот меч за јужноамериканската титула, а фудбалерите на Бока не го криеа воодушевувањето дека ќе играат на стадионот, кој е дом на најголемиот светски клуб Реал Мадрид.

Со телефоните во рака, играчите на Бока сликаа сè живо за да се пофалат дека трчаат на местото каде играле најголемите фудбалски ѕвезди.