Фудбал под корона-вирус: Посебни процедури само за да се влезе на стадион!

Смртоносниот корона-вирус кој се појави во Кина пред крајот на минатата година досега одзема преку 2.000 животи во најмногубројната земја на светот, ама соседите преземаат сериозни мерки за да не дојде до ширење на оваа смртоносна заразна болест во своите земји.

И корона-вирусот веќе ги одложи сите големи настани во Кина, која жестоко се бори за да го спречи ширењето, а соседите освен изолирани случаи засега со силни мерки успеваат да се спасат од поголеми размери на епидемија. Но, фудбал во Азија мора да се игра, па и се игра, ама проблем е за навивачите како да дојдат нормално на стадион.

Врв на процедура има во Јужна Кореја. Екипата на Сувон Блувингс има неверојатно сложен процес како навивач може да влезе на трибините. За мечот со Висел Кобе во Лигата на шампиони во Азија, секој навивач освен што мора да купи билет, мора да пополни формулар, да има задолжително маска на лицето и патем да дозволи при влезот да му биде измерена температура.

Сè поради процедурите во борбата да не се рашири смртоносната болест. Кинеските клубови не играа досега, за да нема ширење на болеста.