
Французите тврдат: Зидан се враќа на фудбалот!
Зидан по заминувањето од Реал Мадрид доби бројни понуди, но сите ги одби бидејќи негова единствена желба е да ја предводи селекцијата на Франција каде што во овој момент е Дидие Дешам.
„Тренерот е на свое место, има екипа и сето тоа треба да го почитуваме. Секогаш го почитував фудбалот и луѓето, па така ова не е витински момент. Но кога ќе дојде тој момент, ќе ми биде задоволство, ако добијам шанса. Паузирав во својата кариера одедено време, но и понатаму се чувствувам како тренер“, изјави Зидан неодамна.
Сега, водителот на емисијата „Афтер Фут“ на радиото „РМЦ“, Жилбер Брисбоа тврди дека Зидан ќе ја преземе клупата на репрезентацијата, по Светското првентво.
„Дидие Дешам заминува во 2026 година. За една година ќе го имаме Зидан! Каква радост! Готово, одлучено е“, изјави Брисбоа.
Овие негови зборови силно одекнаа во Франција и Шпанија, бидејќи многумина сметаа дека ерата на Дешам во Франција требаше да заврши уште по Европското првенство.