Фото на денот: Фудбалот конечно го победи Ковид-19 во Вухан (ФОТО)

После скоро три месеци откако фудбалскиот клуб од кинески Вухан, каде експлодира епидемијата со коронавирусот и се прошири во целиот свет за да добие статус на пандемија, една слика денеска барем малку ја покажа „фудбалската победа“ против опасниот вирус.

Третолигашот Вухан Три Таунс е првиот кој успеа во жариштето на епидемијата да се врати во нормален фудбалски ритам, но психолошкиот проблем и физичката неподготвеност сега се очигледни кај тимот кој два месеци помина во страшна изолација.

„Два месеци бевме во изолација, бевме во невиден страв, не знаевме што ќе се случи. Сите бевме загрижени за нас, за семејствата, се плашевме дали и ние ќе се заразевме“, вели Ју Чен, помошен тренер во клубот.

После повеќе од два месеци откако градот беше ставен во тотален карантин, состојбата се нормализира, откако бројот на новозаболени во жариштето во провинцијата Хубеј стигна до едноцифрена бројка.

„Сега состојбата во Вухан и провинцијата Хубеј се нормализира, луѓето се враќаат на работа, фудбалерите полека се враќаат во ритам“, додава Чен.

За среќа никој од овој тим не е заразен, а прволигашот од овој град допрва ќе сочека на враќање на терените. Прволигашот од избувнувањето на епидемијата беше во Шпанија на продолжени подготовки, па од Пиринеите избега откако алармантно се рашири Ковид-19, но сега е во 14-дневен карантин додека тестовите не покажат дека секој од 30-те члена е негативен на вирусот.