ФИФА со нови промени за СП 2026 - натпреварите ќе бидат поделени на четири дела!?
ФИФА воведува задолжителни паузи од три минути на средината на секое од полувремињата, што значи дека натпреварите ќе бидат поделени во четири дела.
Додека ФИФА тврди дека тоа го прави за да ги заштити фудбалерите, навивачите и светските медиуми се уверени дека со овој птоег се создава само простор за реклами и заработка од милијарди долари.
Паузите ќе се користат околу 23. минута во секое полувреме од натпреварите. Оваа пауза повеќе нема да зависи од температурата, како што досега судиите им даваа шанса на фудбалерите да одморат.
Светските медиуми пишуваат дека оваа одлука е донесена по состанок на телевизиските куќи кои решиле дека со ова се создава простор за дополнителни реклами.