Еден од полицајците кој го обезбедуваше автобусот на Хрватска доби неверојатна понуда

Повеќе од пет часа траеше пробивањето на хрватските фудбалери од Аеродромот до централниот плоштад во Загреб.

Околу половина милиони лица излегоа низ улиците на Загреб да ги прослават јунаците од Русија, а во текот на целото лудило симпатиите ги освои еден полицаец кој на мотор го следеше автобусот на коцкестите.

Не престануваше да се смее и тоа ги воодушеви граѓаните, па еден од нив одлучи да му понуди бесплатен, седумдневен одмор во Дубровник.

„Овој крал вози четири часа од аеродром и не престана да се смее, да го поздравува и да се ракува со народот. Споделете ја оваа фотографија, да дознаеме како се вика оваа легенда, јас го честам седум дена одмор во Дубровник“, беа зборовите на Миха Будман од Дубровник.