Фудбалерите на Иран приморани да ја пеат химната, фановите плачеа и - исвиркуваа (ВИДЕО)

Во првото коло фудбалерите на Иран одбија да ја пеат националната химна во знак на протест кон властите од нивната земја која е зафатена од големи антивладини протести.

Но, на денешниот меч против Велс сликата беше поинаква. Фудбалерите на Иран биле приморани од страна на властите да ја пејат химната. Дел од фанови реагираа со плачење и свирежи. Сцените не беа пријатни за гледање.