Денеска на СП: Аргентина мора да победи или Мексико ќе ги спакува за дома!

Двојниот светски првак Аргентина после катастрофата со поразот со пресврт од Саудиска Арабија, вечерва од 20 часот ќе мора да го победи секогаш незгодниот Мексико за да не се соочи со фијаско еден од фаворитите на турнирот после само 180 мундијалски минути да мора да се спакува за заминување дома.

Колку и „гаучосите“ да имаат извонреден тим на поединци, на СП дојдоа со серија од 35 меча без пораз, уште еднаш покажаа дека се тим без баланс и со многу маани, а Мексико воопшто не е наивен и многупати знаел ептен да ги намачи фаворизираните Аргентинци, па од Меси и другарите ќе мора да одиграат перфектен меч за да останат во трката за осминафинале.

Не успее ли Аргентина да победи, многу извесно е дека со фијаско ќе заврши нивниот настап во Катар, ова особено ако загубат, па дополниттелниот притисок сега им наметнува овој меч за нив да е како финале за да преживеат и да останат во игра. Од друга страна после ремито на Мексико со Полска, „сомбреросите“ би биле задоволни и со бод, иако нема да ја пропуштат шансата да победат ако „гаучосите“ одиграат повторно како во вториот дел до Саудијците.

Полска и Саудиска Арабија ќе се судрат во вториот меч од оваа група Ц, во мечот од 14 часот во кој за Полска со Левандовски, кој сè уште нема гол на Мундијалите исто е шанса за да останат во трката за осминафинале, а за Саудијците можност со ново изненадување зашто беа аутсајдери во групата буквално да ја комплетираат сензацијата и да дојдат до пласман во елиминациската фаза.

Светскиот првак Франција од 17 часот ќе бара втора победа за пласман во осминафинале во европската пресметка со Данска, во која влегува како фаворит на хартија, ама од 2015 година наваму „триколорите“ не успеваат да ги победат Скандинавците, имаат три меча по ред во низата без триумф, од кои двата порази во Лигата на нации во јуни и септември, како за најава дека Данска знае како до успех против „галските петли“.

Откако остана недоречени Данците со Тунис, за нив пресметката со Франција доаѓа во клучен период, иако и со бод би се задоволиле, па против слабата Австралија во последното коло да го бараат пласманот во осминафинале. Тунис и Австралија ќе ја отворат денешната програма со мечот од 11 часот.