Де Роси: Сакам да се вратам во Бока, но како тренер

Поранешниот капитен на Рома, Даниеле Де Роси, призна дека негов сон е да се врати како тренер на Бока Јуниорс, каде играше кратко пред да објави дека се повлекува од фудбалот.

Легендата на „волчицата“ зборуваше за неговиот период во аргентинскиот гигант пред „Ла Нација“ и најави дека сака да се врати во клубот, со надеж дека ќе може да застане на чело на тимот.

Имам идеја во главата да се вратам како тренер во Бока. Можеби сум последен на списокот на кандидати, но тоа е мојата идеја. Ако работите одеа добро, можев до сега да се сретнам со Нико Бурдисо и да ја започнам тренерската кариера во клубот. Беше малку време пред да започне мојот семеен проблем, истакна Де Роси.

Во јануари, 36-годишниот фудбалер ја заврши активната фудбалска кариера по проблеми со повредите и рече дека треба да се врати кај своето семејство.

Де Роси призна дека Бока се обидела да го задржи и тоа е моментот кога сфатил дека мора да се врати во клубот.