Де Ла Фуенте искрен за повлекувањето на Јамал: Тоа не ми е баш нормално!
Од Фудбалскиот сојуз на Шпанија порачаа дека е донесена одлука во склад со здравјето и сигурноста на фудбалерот, а Де Ла Фуенте беше директен на оваа тема.
„Целата ситуација не ми изгледа баш нормална. Никогаш не сум доживеал слична ситуација“, изјави Де Ла Фуенте откако дозна дека фудбалерот сам и без да ги извести медицинскитее лица во репрезентацијата направил прегледи.
„Тоа се постапки кои се надвор од контрола на репрезентацијата, таква е ситуацијата и ние мораме да ја прифатиме“, додаде шпанскиот селектор.
Оваа ситуација дополнително го затегна и онака тензичниот однос на Барселона и репрезентацијата. Според информациите од Шпанија во сојузот владее големо незадоволство затоа што клубот одлучил да спроведе третман без консултација со репрезентативните доктори.
Конфликтот помеѓу двете страни трае уште од септември кога Ханси Флик го критикуваше шпанскиот селектор за односот кој го има кон Јамал.