Чудо: Првото коло на СП помина без црвен картон, првпат по – 1986 година! (ФОТО)

Првото коло на Светското првенство во Катар заврши и еден момент посебно го одбележа, настрана двете чуда што се случија, неверојатната дисциплина на фудбалерите зашто во првите 16 меча немаше ниту едно исклучување.

Дури делува чудесно како во најважните битки судиите не посегнаа по црвени картони, иако и немаше премногу опасни стартови за такво нешто или да реагира ВАР за некоја таква ситуација, па првпат од 1986 година, воведната рунда на Мундијалите минува без исклучување.