Челси се откажал, Семењо на чекор од Манчестер!

Фудбалерот на Борнмут, Антоан Семењо, сепак нема да стане нов член на Челси во зимскиот преоден рок, откако клубот од „Стемфорд Бриџ“ се повлекол од преговорите, пренесува „Атлетик“.

Но, и самиот Семењо нема да жали премногу бидејќи негова желба според информациите е Манчестер сити до кој е најблиску. 

Договорот на 25-годишниот офанзивец содржи откупна клаузула од 65 милиони фунти, која стапува на сила на 1 јануари, станува збор за фкисни 60 милиони и уште пет преку бонуси.

Клаузулата нема да биде активна во текот на целиот преоден рок, туку само во првите десет дена, па така заинтересираните клубови мораат да побрзаат.

Покрај Манчестер сити, како сериозна опција се споменуваше и градскиот ривал на „граѓаните“, Јунајтед, но засега „граѓаните“ важат за големи фаворити.