Ривер Плејт го освои својот четврти трофеј во Копа Либертадорес откако со 3-1 го победи својот најлут ривал Бока Јуниорс во реванш финалниот натпревар што се одигра во Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“. Ривер постигна два гола во продолжението, откако регуларниот дел заврши 1-1.

Бока Јуниорс прва дојде во водство во финишот на првиот дел, поточно во 44-тата минута преку Дарио Бенедето по една прекрасна контра. Во вториот дел Бока се повлече, а тоа Ривер знаеше како да го искористи и со мајсторска акција дојде до израмнување преку Лукас Прато во 68-та минута.

Во продолженијата Бока остана и со играч помалку откако Вилмар Бариос веќе во 92-тата минута заработи исклучување поради жолт картон. Играчката предност во поле ја искористи Ривер и тоа преку Хуан Кинтеро, кој испрати вистинска бомба во голот на Естебан Андрада за ерупција кај навивачите на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.

Бока остана со уште еден играч помалку откако Фернандо Гаго се повреди, па мораше да игра со девет играчи. Хара можеше да донесе израмнување за Бока, но во 120-тата минута погоди само во стативата од голот на Ривер.