Бразил има дури 37 голови на СП постигнати надвор од шеснаесетникот (ВИДЕО)

Филипе Кутињо постигна фантастичен гол од далечина за Бразил против Швајцарија и само ја зацементира позицијата на неговата репрезентација во една статистичка категорија на Светските првенства. 

Почнувајќи од 1966 година па наваму, Бразил постигнал дури 37 голови надвор од шеснаесетникот на Светските првенства, дури 11 повеќе од било која друга репрезентација.