Болт одбил да потпише за шампионот на Малта

Јусеин Болт нема одиграно ниту еден натпревар како фудбалски професионалец, но верува дека лигата во Малта не му е предизвик. Еден од најдобрите атлетичари на сите времиња реши да се испроба во нов спорт и моментално тренера со австралискиот тим Централ Коуст Маринерс.

Болт постигна два гола за овој тим на пријателски натпревар и покажа дека може да биде и добар фудбалер. Сепак тој и натаму не е професионалец, бидејќи нема потпишано договор.

Неговиот агент ја потврди понудата од тимот Валета ФЦ, но и дека Болт не бил заинтересиран да игра на Малта.

„Има голем интерес за Болт, редовно добиваме слични понуди од други клубови, но ќе видиме што ќе биде во иднина“, вели Рики Симс, агентот на Болт.