Бока сакаше службена победа, но КОНМЕБОЛ го одби нивното барање!

Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) го одби барањето на Бока јуниорс да им ја додели победата без одигрување на реваншот од финалето во Копа Либертадорес.

Да потсетиме, во првиот меч на „Бомбоњера“ дуелот заврши 2-2, а реваншот беше одложен поради големите инциденти пред „Монументал“ во Буенос Аирес.

Фудбалерите на Бока беа нападнати пред почетокот на дуелот од страна на хулиганите на Ривер плејт, па поради тоа клубот побара службена победа.

Сепак, КОНМЕБОЛ го одби нивното барање, а реваншот ќе се игра на деветти декември со почеток од 20.30 часот во Мадрид на „Сантијаго бернабеу“.