Бока дури и да загуби од Ривер - ќе го бара трофејот во Копа Либертадорес!

Суперкласико меѓу Ривер плејт и Бока јуниорс ќе се одигра во недела во Мадрид на „Сантијаго бернабеу“, откако веќе неколку пати беше одложуван дуелот, кој најпрво требаше да се одржи на „Монументал“ во Буенос Аирес.

Во Аргентина се случија големи инциденти пред реваншот од финалето во Копа Либертадорес, па поради безбедност дуелот беше преместен во Мадрид, но Бока бараше службена победа во мечот, но КОНМЕБОЛ го одби нивното барање.

Двете екипи се подготвуваат за средбата, а Бока има и резервен план според кој би можеле да стигне до трофејот за шампион на Јужна Америка, дури и во случај на пораз.

Управата на Бока чека да види што ќе се случи во дуелот во Мадрид, а доколку загубат, тогаш ќе го тужат Ривер до Судот за спортска арбитража во Швајцарија.

Тие сметаат дека имаат повеќе од доволно причини за да го добијат случајот, па нападот на автобусот од страна на навивачите на Ривер е нивниот главен аргумент.

Материјалите се собрани од страна на Бока, па сите сега го очекуваат големиот спектакл во Мадрид, а ќе видиме дали драмата ќе заврши и по крајот на мечот.