
Бизарна сцена: Аргентинец симулираше повреда, па доби удар по грбот (ВИДЕО)
Додека Родриго де Пол лежеше на земја при убедливо водство на „гаучосите“, Исмаел Коне му пријде одзади и му ја шутна топката во грб.
Реакцијата на Канаѓанецот беше импулсивна и неспортска, без разлика што Де Пол според сите присутни симулираше повреда, поради што доби жолт картон и гласна опомена од судијата за Коне дека следниот поостар старт ќе значи и исклучување.