Белгија ѝ одржа лекција на Русија во Санкт Петербург (ВИДЕО)

Белгија ја запиша деветтата победа во деветтиот меч во квалификациите за Европското првенство, откако денеска во Санкт Петербург славеа со 4-1 против Русија.

Торган Азар во 19. минута погоди за водство од 1-0, а до крајот на првото полувреме неговиот брат Еден Азар погодои уште двапати за предност од 3-0.

Ромелу Лукаку во 72. минута зголеми на 4-0, по што Русија постигна само почесен погодок во 79. минута за конечни 1-4.

На останатите натпревари Казахстан победи со 3-1 против Сан Марино, додека Велс славеше против Азербејџан со 2-0.