Австралиски фудбалер јавно призна: Јас сум хомосексуалец (ВИДЕО)

Фудбалерот на Аделаида јунајтед, Џош Кавало преку социјалните мрежи на клубот објави видео преку кое сакаше да ја информира јавноста дека е хомосексуалец и дека не се срами да го признае тоа пред цел свет. 

Австралиецот кој има само 21 година е еден од ретките фудбалери кој јавно признава за својата сексуална ориентација.

„Имам една лична вест која сакам да ви ја соопштам. Јас сум фудбалер и сум геј. Патот беше дол до овој момент. Дури шест години се мачам со мојата сексуалност. Не можам да бидам посреќен што ви ја соопштувам оваа вест. Додека растев се чувствував засрамено и се криев, бидејќи се плашев дека нема да можам да го правам тоа што сакам и ако кажам дека сум геј“, изјави Кавало во својата видео-порака.

Во светот на фудбалот хомосексуалноста и натаму е табу-тема. Еден од ретките познати фудбалери кои исто така јавно призна дека е хомосексуалец е поранешниот германски репрезентативец Томас Хицелшпергер. Тој го направи овој чекор откако ја заврши професионалната кариера, а меѓу клубовите кои играше беа Штутгарт и Астон Вила.