Аргентинскиот талент на Интер испратен на нова позајмица

Раководството на италијанскиот шампион, Интер одлучи да го испрати на позајмица аргентинскиот фудбалер, Валентин Карбони.

Фудбалерот од средниот ред кој има 19 години минатата сезона ја помина на позајмица во Монца, а во сезоната која следи ќе биде дел од Монца. Во дресот на Монца изминатата сезона одигра 32 натпревари, постигна два гола и подели три асистенции.

Неодамна Карбони потпиша нов договор со Интер со што „нероаѕурите“ покажаа дека ќе сметаат на него и во иднина. Кариерата Аргентинецот ја започна во Ланус од неговата татковина, а во младинските категории играше уште и за Катанија.

Во договорот со Марсеј има и откупна клазула од 35 милиони евра, но и Интер го задржа правото да го откупи назад во иднина.