Аргентинска диета во корона-криза: Секое кило вишок кај фудбалерите ќе чини – 40 евра!

Откако пандемијата со коронавирус го сопре фудбалот, клубовите практично немаат контрола над своите играчи, кои затворени во своите домови во карантин, работат исклучиво индивитуални тренинзи, но никој не знае во каква состојба ќе се појават откако ситуацијата ќе се смири и ќе може прво нормално да се тренира. А, најмногу „стравот“ кај клубовите е кој со каква тежина ќе се врати после седењето дома.

Аргентинскиот третолигаш Расинг Кордоба, смисли добар начин, како да ги држи фудбалерите под некаков режим, па им најави дека ќе го казни секој што здебелен ќе се појави на повторниот собир. Ценовникот е ист за секој, едно кило – 40 евра (нешто над 3.000 пезети).

„Човек мора да води грижа за себе, а не е баш добро кога многу се јаде. Јас немам такви проблеми, но...“, вели Леонардо Родригез, голман на клубот. „Кога слушате вести, ви доаѓа едноставно да кажете – доста е! Буквално да се откажете. Ама, во моментов сите ние сме психички цврсти, се трудиме да бидеме со позитивни мисли... Се бориме, тренираме, се бодриме едни со други“, додава голманот.