Аргентина му верува на Скалони: Ќе ги води „гаучосите“ и во квалификаците

Аргентинската фудбалска федерација му укажа доверба на Лионел Скалони да остане на селекторската клупа на репрезентацијата и во иднина. 

Договоро со поранешниот дефанзивец на Депортиво Ла Коруња е продолжен и за квалификациите за Светското првенство во Катар 2022 година. Тој беше во стручниот штаб на поранешниот селектор Хорхе Сампаоли за време на Светското првенство во Русија, а потоа ја доби довербата да биде привремен селектор за време на Копа Америка.

Скалони очиглено ги импресионирал челниците на аргентинскиот фудбал, но и фудбалерите за да му ја дадат работата на подолго. „Гаучосите“ финишираа трети на јужноамериканскиот турнир, а во полуфиналето загубија од домаќинот Бразил, кој на крајот дојде и до титулата.