Ако сакате дрес од симпатичните дебитанти на Мундијалот – тешко ќе најдете!
Оваа карипска држава со околу 150.000 жители за кратко време го привлече вниманието на светската јавност, а голема улога во популарноста имаа и социјалните мрежи.
Техничкиот спонзор „Адидас“ соопшти дека се распродадени сите произведени дресови на националниот тим, а особено внимание привлекла резервната гарнитура во пастелно жолта боја, која исто така е распродадена.
Според љубителите на фудбалската опрема, дизајнот на овој дрес потсетува на ретро изданијата што се носеа на мундијалите во текот на 80-тите години од минатиот век.
Курасао на претстојното Светско првенство ќе настапи во групата „Е“, каде за противници ќе ги има селекциите на Германија, Брегот на Слоновата Коска и Еквадор.
Инаку, оваа репрезентација стана хит со пристигнувањето на Мундијалот со школски автобус - ТУКА.
Фото: thebluewaveffk/Instagram