Македонија со две измени во однос на Италија, Англија без Кејн на почетокот

Селекторите Благоја Милевски и Герет Саутгејт ги објавија почетните состави за вечерашниот квалификациски натпревар што се игра на Градскиот стадион во Скопје.

Во однос на мечот против Италија, во македонската репрезентација има две измени и тоа во средниот ред. На местата на Адеми и Елези, сега се Алими и Атанасов кој постигна два гола во петокот на Олимпико. Во англискиот состав го нема најдобриот стрелец во историјата на „Гордиот Албион“, Хари Кејн кој можеби ќе влезе во игра подоцна бидејќи се наоѓа на клупата.

Натпреварот меѓу Англија и Македонија почнува во 20:45 часот, а со него ќе биде ставен крај на квалификациите за Европското првенство за нашата репрезентација.