Репрезентативците на Словенија одржаа тренинг на Националната Арена „Тодор Проески“, кадешто се загреваа за утрешниот меч против Македонија во квалификациите за Евро 2020.

Словенците најавија дека се дојдени по трите бода во Скопје, но сигурно ќе имаат тешка задача за да го остварат тоа бидејќи и македонските фудбалери ќе бараат победа во важниот меч за двете селекции во седмото коло од квалификациите.